За 90% поскапи гасот во Струмица: Општината ќе субвенционира по симболични 10 денари

t

Од овој месец сметките за гас во Струмица ќе бидат повисоки за речиси 90 проценти, откако цената за потрошен кубен гас од 46,5 се зголеми на 80,4 денари. Веста ја потврди и директорот на ЈП „Струмица гас“ Благој Милановиќ, кој соопшти дека зголемувањето на цената е резултат на енергетската криза и повисоките цени на пазарот.

На мрежата во Струмица на гас се греат околу 400 домакинства, фирми и јавни институции.

„Од 1 јануари цените на природниот гас и во нашата држава како и во соседството се зголемени и повеќе не е можно да ни испорачуваат компресиран природен гас по цена како во месец декември, кога ние го набавувавме од 591 евра за илјада кубни метри гас, а на пазарите достигнуваше цена од 1.300 до 2.200 евра. Од таа причина, новата цена на природен гас за месец јануари ќе биде 80,4 денари со вклучен ДДВ“, соопштија од „Струмица гас“.

Општина Струмица оваа година одлучи да ја субвенционира цената на гасот за домаќинствата во висина од 10 денар, за што во буџетот имаат предвидено 3 милиони денари. Ова значи дека за 100 кубика потрошени кубни метри гас, физичките лица ќе добиваат по илјада денари субвенции. Засега се утврдува методологијата како ќе се враќаат парите, дали директно на сметките на корисниците или пак ќе им се одбива од сметките.

Во Струмица, каде е изградена гасоводна мрежа од околу 40 километри, гасот се набавува во компресирана форма и потоа се декомпресира во станицата и се пушта до крајните корисници. Директорот Милановиќ кажа дека не постои опасност дане се обезбедат потребните количини гас, бидејќи за Струмица се набавува компресиран гас кој го има во Скопје, Бугарија, Србија, Солун.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Со закана кон вработената ограбил продавница во…

Полициски службеници од СВР Струмица во 01.10…

Седумчлена група од Струмица извршила 10 тешки…

СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.А.(24),…

Филипче од Струмица: Да не оставиме ниту…

Неврохирургот Венко Филипче при својата вчерашна посета…

„Борбата за подобра Македонија никогаш не запира“:…

Градоначалнилчката на Град Скопје и лидер на…

(Во живо) Поразително: ВМРО-ДПМНЕ во Струмица има…

Според последните податоци од ажурирањето на членството…