Tajнaтa зa cрeќeн живoт на Aлбeрт Ajнштаjн: „Ckромност и …“

t

Алберт Ајнштајн бил извонреден научник со генијален ум. Но, тој не само што бил надарен за физика и откритија кои го промениле човештвото, туку знаел и да ја напише својата „теорија на среќата“.

Според приказната, Ајнштајн ја напишал оваа „теорија“ на хотелска сметка со цел да се заблагодари за гостопримството. Напишал само две реченици, но толку силни и моќни што можат да послужат како апсолутна „теорија на среќата“ во текот на животот.

„Мирен и скромен живот носи повеќе среќа отколку желбата за успех во комбинација со постојана грижа“, напишал Ајнштајн.

На друг лист хартија, ја оставил следната порака:

„Каде што има волја, има и начин“.

Овие две „хартивчиња“ подоцна биле продадени на аукција за голема сума пари, но секој добил можност да ги открие и користи упатствата на Ајнштајн за среќен живот. Така, Ајнштајн ги искомбинирал ставовите на источните и западните филозофии во двете изјави.

Будистите категорично се спротивставуваат на таканаречениот „менталитет на вечниот патник“, односно на постојаното надминување на денешните пречки за утрешниот успех. Животот во овој случај е како вечно возење со метро до станицата каде што сонуваме за среќа.

Стариот римски филозоф Сенека го изразил тоа поотворено, пишувајќи – „најголемата пречка во животот е чекањето“, или губењето време грижејќи се и надевајќи се дека нешто ќе се случи.

Неговите зборови јасно ни кажуваат – Иднината е непозната. Живеј сега!

Втората реченица е уште поважна бидејќи открива дека секој човек има потенцијал да го прави тоа што го сака.

Дури и кога се чини дека нема решение, пречките се преголеми, а целта е далеку, Ајнштајн нè потсетува – „Каде што има волја, има и начин“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

10 совети за бесконечна среќа

Сакај, патувај, прегрнувај, бакнувај – 4 зборови…

Tajнaтa зa cрeќeн живoт на Aлбeрт Ajнштаjн:…

Алберт Ајнштајн бил извонреден научник со генијален…