Објавено на:

Додик не отстапува: БиХ нема перспектива, иднината на Српска е автономија

t

Денот на Република Српска е важен датум, бидејќи на тој 9 јануари 1992 раскинавме со илузиите дека некој друг ќе ни ја даде слободата, кажа српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина и лидер на владејачката партија во РС Милорад Додик пред 30-годишнината од формирањето на Република Српска.

Додик за Радио Белград кажа дека напредокот кој РС го остварила е резултат на борбата за право и достоинство, пред сè со отпорот на меѓународната интервенција, која секогаш била силна, а, како што кажа, силна е и сега.

Тој Република Српска во иднина ја гледа пред сè преку јакнење на нејзината автономија и афирмација на нејзините права.

„Доколку тоа не се случи, верувам дека генерациите кои доаѓаат ќе го афирмираат нашето право на самоопределување и дека на тој начин ќе можеме да одлучуваме за нашата политичка иднина“, кажа Додик.

На прашањето како ја гледа политичката реалност на БиХ денес, Додик одговори дека „БиХ е една сериозна неволја за нас тука и ретроградна структура“, дека е неуспешна, неостварена и недовршена земја, која нема никаква перспектива.

„БиХ нема ниеден внатрешен консензус за своето постоење, ниту еден заеднички празник, освен Нова година, БиХ нема иднина. Таа егзистира на силата на меѓународната заедница, а таа сила не е вечна, таа ќе исчезне и верувам дека БиХ на мирен начин ќе се растури“, смета Додик.

Тој мисли дека Бошњаците грешат што се противат на изворниот Дејтонски договор. „Доколку не успееме да се вратиме на Дејтонскиот договор, Република Српска ќе тргне кон излезот“, изјави тој.

Коментирајќи го процесот на враќање на надлежностите на РС, Додик потсети дека тие со текот на времето ѝ биле одземани на Српска, а не доброволно препуштани, „иако претходните власти дале согласност за три области – војската, индиректните даноци и правосудството“.

Сите останати надлежности, како судовите и обвинителството се наметнати со грубо насилство на високите претставници, и исто важи и за другите области – 83 надлежности преку 140 закони ги наметнале високите претставници.

„Она што е важно е дека не е променет уставот на БиХ и тој устав претставува гаранција дека повторно можеме да ги вратиме одземените надлежности. Тој процес сега е на почеток и нам ни претстојат години борба за почитување на уставот ако БиХ е уставна а не парауставна држава“, укажа Додик.

Одговарајќи на последните притисоци од Западот, членот на Претседателството на БиХ оцени дека тие постојат од почетокот.

„Мислам дека постоел таен или премолчен договор на Бошњаците и Америка, тие да го потпишат Дејтонскиот договор, а дека Американците во следните години ќе направат унитарна и централизирана држава. Тие тоа и го прават“, оцени Додик.

Тој, меѓутоа, смета на „Дејтонскиот договор и меѓународното право“, иако, како што кажа, не е наивен да верува дека големите и моќните ќе ги почитуваат законите на меѓународното право.

Другото, според Додик, е волјата на народот, а тој народ ја сака Република Српска.

Додик кажа и дека смета на пријателите и дека се зголемува бројот на оние кои се спремни да ја поддржат РС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Во земјите од регионот денеска се активирани…

Грчките здравствени власти предупредуваат на наглото зголемување…

Властите во Грција предупредуваат на зголемено ширење…

ЕУ донираше 35 милиони евра за Србија…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека…

Детална истрага за регионалниот крах на електроенергетскиот…

Комитетот за системско работење на Европската мрежа…

Машала: ЕУ ќе даде 500 милиони евра…

Европската комисија го усвои Предлог-буџетот на ЕУ…