Се мобилизираат приватните лекари во Егејска Македонија
Од три региони во северниот дел на Грција, во среда започнува мобилизација на приватните лекари, кои во период од еден месец ќе помагаат во битката со пандемијата во државните болници, јави дописничката на МИА од Атина.
Конкретната одлука за мобилизација веќе е објавена во Службен весник на Грција, а ќе се мобилизираат пулмолози, општи лекари и анестезиолози.
Поради брзото ширење на Омикрон, грчките болници се соочуваат со сериозни проблеми и недостиг на персонал со оглед на тоа што околу 2.500 здравствени работници се во карантин поради зараза со Ковид-19, според претседателот на Федерацијата на вработени во државните болници Михалис Јанакос.
Министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, говорејќи за грчкото радио „Атина 9.84“, најави дека атинска општа болница одново ќе стане ковид центар и ќе прима пациенти исклучиво со Ковид-19 и соопшти дека болниците во Атина ќе се зајакнат со околу 800 дополнителни кревети од приватните клиники.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грчкиот раст и натаму е над европскиот
Грција и натаму бележи повисок економски раст…
(Видео) Се снимал додека вози со неверојатни…
Снимка од грчки автопат привлече големо внимание…
Грција ќе ги штити своите F-35 со…
Грчките военовоздушни сили разработуваат план за заштита…
Во првите седум месеци од годинава Грција…
За 8,6 отсто се зголемил бројот на…
Пожарникар загина за време на спасувачка акција…
При операцијата за спасување и пренесување на…