Објавено на:

Брнабиќ: Владата е спремна да ги пружи сите гаранции за Новак

t

Српската премиерка Ана Брнабиќ потврди дека разговарала телефонски со министерката за надворешни работи на Австралија и дека разговорот за Новак Ѓоковиќ бил конструктивен.

Таа истакна дека српската страна се обидува да направи сè за да го олесни ова што му се случува на Ѓоковиќ.

„До финалната одлука останува во хотелот. Успеавме да му се испорачува храна без глутен, да добие справи за вежбање, му дадоа лаптоп, сим-картичка, да биде во контакт со семејството“, кажа Брнабиќ. Додаде дека се надева дека барем малку му е олеснет престојот таму.

„Има позитивен тон од австралиска страна. Владата на Србија е спремна да ги пружи сите гаранции за Новак да го пуштат во Австралија, а вклучен е и претседателот“, кажа таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српските возови добиваат бизнис класа

За околу година, година и пол, „Србијавоз“…

Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…

За време на официјалните разговори во Каиро,…

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…

Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…

Група од 25 членови на Српската академија…

Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…

Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…