Уапсен малолетник во Шуто Оризари кој извршил тешка кражба – ова се деталите
На 09.01.2022 во 21,00 часот на подрачјето на Шуто Оризари од полициски службеници од СВР Скопје бил лишен од слобода 17 годишен малолетник од Кочани по претходна пријава дека извршил тешка кражба во Скопје.
Во Полициското одделение Шуто Оризари во присуство на инспектори по малолетничка деликвенција и на стручен тим од ЈУМЦСР и адвокат, бил извршен разговор со малолетникот кој во целост ја појаснил постапката на извршената тешка кражба. Известен е и дежурен јавен обвинител за малолетници, од каде што е добиено известување дека малолетното лице имало претходна правосилна пресуда и треба да биде спроведено до ВПД Тетово.
По целосното документирање на случајот против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопјанец добил казна од полицаец, па решил…
На 30.09.2026 во 15:40 часот во Скопје,…
Македонец загина во сообраќајка кај Лесковац
Македонскиот државјанин со иницијали М.Ј, возач на…
Се запали стан во Скопје, 11-годишно девојче…
Единаесетгодишно девојче вчера било пренесено во Комплексот…
Утре ќе нема струја до 14:30 часот…
Од Електродистрибуција информираат дека утре, четврток (1…
Tоварно возило прегази велешанка
Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера претпладне…