Полицијата казни 192 возачи низ цела држава за брзо возење
Во текот на вчерашниот ден (09.01.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 192 возачи.
Од нив 11 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 88 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 104 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тешко повреден возач на мопед во сообраќајка…
На 15.10.2026 околу 15:45 часот во СВР…
Регистрирал возила, а парите си ги ставал…
Од МВР поднесоа нова кривична пријава поради…
„БЕЗБЕДЕН ГРАД“ ГО ФАТИЛ СО 185 КМ/Ч:…
Црногорски државјанин бил приведен на граничниот премин…
Тешка сообраќајка кај Тетово: Автомобил излета од…
Ноќеска во 01:50 часот во СВР Тетово…
Апсење на Блаце: Фатен жител на скопско…
На 15.10.2026 на Граничниот премин Долно Блаце,…