Експерт на СЗО тврди дека следуваат уште три тешки месеци, но крајот на пандемијата е на повидок
Специјалниот пратеник на Светската здравствена организација (СЗО) за Ковид-19 Дејвид Набаро изјави дека епидемијата на коронавирусот ќе создаде многу тешка ситуација во следните три месеци, „но можеме да кажеме дека крајот е на повидок“.
Во интервју за Скај њуз, Набаро изрази стравување дека сме принудени на маратон со вирусот и оти не постои вистински начин да се каже дека сме на крајот, туку само дека се гледа крајот.
– Сè уште не сме стигнале до таа точка, а пред да дојдеме до неа, ќе има уште тешкотии, рече Набаро, пренесува лондонскиот весник „Гардијан“.
Експертот на СЗО потврди дека коронавирусот продолжува да се развива и најави појава на нови варијанти и по омикрон.
– Ќе биде тешко уште најмалку во следните три месеци, рече Набаро и потсети дека коронавирусот се појавува во амплитуди – почнува драматично да се шири, потоа стивнува, а потоа повторно се шири периодично на секои три или четири месеци.
– Тешко е да се предвиди однесувањето на вирусот во иднина врз основа на однесувањето во минатото. Да се живее со Ковид-19 значи да се биде во можност да се подготвиме за овие амплитуди и да реагираме навистина брзо кога ќе се случат. Мораме да го почитуваме вирусот, а тоа значи дека треба да имаме навистина разработени планови како да се справиме и да се бориме со епидемиолошките бранови, рече Набаро.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Статистика на СЗО: Пушењето убива по 11…
Светската здравствена организација (СЗО) алармира дека Македонија…
СЗО бара забрана за ароматизирани тутунски производи
Со оглед на бројот на млади пушачи,…
СЗО: Одлуката на Трамп го загрозува глобалното…
Одлуката на САД да ја замрзнат странската…
Мелони по стапките на Трамп: И Италија…
Италијанската крајно десничарска партија „Лига“, на вицепремиерот…
ИЈЗ: Шест нови случаи на Ковид-19, постои…
Шест нови позитивни случаи на Ковид-19 се…