Арсовска: Бесплатен јавен превоз за скопјани дефинитивно ќе има
Буџетот на Град Скопје е навистина премногу оптоварен, меѓутоа во ниту еден случај нема да се откажеме од проектот за бесплатен јавен превоз, токму како што беше напишано во програмата и како што беше презентирано низ целата кампања – тој ќе се реализира, етапно. Јавното претпријатие се наоѓа во големи долгови тоа треба да се изменаџира за да може да се консолидира работењето на јавното претпријатие кое што во овој момент е дополнително обременето од оваа енергетска криза, меѓутоа бесплатен јавен превоз за скопјани дефинитивно ќе има и токму онака како што беше ветено.
Ова го изјави градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во гостувањето вечерва во дебатната емисија Топ Тема на телевизија Телма.
Во однос на дезинформациите, како што ги нарече Арсовска, кои што кружат во јавноста дека проектот бесплатен јавен превоз нема да се реализира, градоначалничката кажа дека е крајно неодговорно да и се пласираат такви невистини на јавноста.
„Верувам дека треба да се обидеме на јавноста да и појасниме кои се позициите на градот, дека проектот ќе се реализира и дека ќе се случи во период на транзиција затоа што ова е една конкретна и сериозна инвестиција која што понатаму ќе остане во траен интерес за граѓаните” – заврши Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тешка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…
Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…
(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…
Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…
Се намалува цената на парното во Скопје
Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…
Денеска ќе знаеме колку ќе поскапи парното…
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска на…