Укината забраната за камиони преку Ѓавато и Маврово-Дебар
На патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато од 08:20 часот е укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила, соопшти АМСМ.
Претходно во 7 часот беше укината и забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.
АМСМ во утринскиот извештај за состојба на патиштата наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а на повисоките места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат. Врнежи од снег со променлив интензитет има во Тетово, Ресен, Крушево и на планинските превои Буково и Ѓавато.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…
Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…
Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…
Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…
Растот на индустриското производство во вториот квартал…