62-годишен маж и давал насоки на 28-годишна девојка од Гостивар како да ограби билетарница – еве каква казна заработија

t

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против две лица, од кои едното се товари за кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 од Кривичниот законик, додека другото е обвинето за помагање при извршување на истото кривично дело.

Обвинетата 28-годишна жителка на селото Вруток, на 07.09.2021 година, извршила кражба во објектот на автобуската станица во Гостивар.

Вториот обвинет, на возраст од 62 години, ѝ помагал така што ѝ давал совети и упатства како да го изврши кривичното дело.

Како вработено лице кај оштетениот, тој ѝ кажал на обвинетата каде се клучевите од просториите.

Двајцата заедно се упатиле кон билетарниците, каде обвинетата најпрвин од необезбедени простории противправно одзела мобилен телефон Ајфон 5 и повеќе клучеви. Откако не успеала да најде соодветен клуч за да ја отклучи вратата од една од билетарниците, таа со физичка сила ја отворила вратата и одзела 5.000 денари во различни апоени.​​

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Родителите од Кочани официјално побараа средба со…

Семејствата и родителите на починатите во пожарот…

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Остана ли некој нормален? Повторно пријавена украдена…

Скопјанецот Г.Ј. (63) денеска пријавил во полиција…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…