Веќе имаме премиер албанец: Артан Груби ги води седниците на Влада
Денеска ја водев 132-рата седница на Владата каде меѓу другото беше одлучено 670 милиони денари дополнително да се обезбедат за надминување на енергетската криза, објави вечерва вицепремиерот во оставка Артан Груби.
Натаму во објавата Груби ја информира јавноста дека на седницата што тој ја водел било сработено следново:
„Обезбедени се дополнителни 670 милиони денари за надминување на енергетската криза; Ги утврдивме измените на Законот за авторското право и сродните права; Усвоена е редовната годишна Програма за имунизација на населението; Сите владини институции ќе бидат задолжени да ги признаваат електронските уверенија за неосуденост“, се наведува во објавата на Груби.
Во неговата објава на Фејсбук не е наведена земјата со чија Влада заседавал, но логички се подразбира дека станува збор за Македонија, а не е наведено и зошто седницата не ја водел премиерот во оставка, Зоран Заев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Срамота е Мицкоски да зборуваш за…
Нема дно кое Мицкоски не може да…
Земјоделците никогаш не биле по понижени, а…
Земјоделците никогаш не биле попонижени и посиромашни…
По една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ: Македонија…
На една година од власта на ВМРО-ДПМНЕ,…
Усвоен ребалансот на буџетот, Владата ќе троши…
Владата го усвои предлог ребалансот на буџетот…
Владата не објави ни соопштение: Започна процедурата…
Министерот за надворешни, здравство, енергетика, генералниот секретар…