Откриен нов симптом на омикpон, во тоалетот ќе најдете изненадувачки знак на инфekција
Центрите за контрола и превенција на болести потврдија уште еден симптом предизвикан од сојот омикрон.
Корона вирусот предизвикува цела низа различни симптоми, што е прилично збунувачки, но научниците секогаш се трудат да укажат на симптомите кои се јавуваат најчесто, за луѓето да знаат како навреме да ги препознаат, тестираат и третираат.
За сојот омикрон, кој предизвикува нови бранови на пандемии во светот, симптомите се различни од претходните видови, а сега Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) и институтот Џон Хопкинс рекоа дека дијареата може да укажува и на инфекција со омикрон, пренесува The Sun.
Експертите велат дека дијареата кај околу 20% од заразените се јавува веднаш по инфекцијата со омикрон. Дополнително, тие истакнуваат дека овој симптом е почест кај заразените лица кои имаат нарушен имунолошки систем.
Кога станува збор за други симптоми предизвикани од омикрон, она што создава дополнителна компликација е тоа што се работи за симптоми слични на настинки – течење на носот, замор, болки во грлото, главоболка, малаксаност…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Грција ќе се ексхумираат 150 гробови…
Пет години по погребите, распаѓањето на телата…
Истрага во Британија: 23.000 луѓе умреле од…
Поранешниот британски премиер Борис Џонсон имал лош…
Детектирана е нова варијанта на Ковид-19 во…
Нова варијанта на коронавирусот моментално циркулира во…
ИЈЗ: Шест нови случаи на Ковид-19, постои…
Шест нови позитивни случаи на Ковид-19 се…
За една недела починале 4 лица: Регистрирани…
Во периодот од 9 до 15 септември…