Арсовска: Политичката игра на Владата, „не сме надлежни“ кога се надлежни е непримерно и тоа им е јасно на граѓаните

t

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска во гостувањето во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21 истакна дека секој чекор кон подобрување на јавниот градскиот превоз е нешто што е значајно за граѓаните.

„На барање на граѓаните, вратени се ноќните линии и направена е одредена измена на возниот ред. Верувам дека со тоа им овозможивме на оние граѓани на кои им беше тоа значајно, за полесно да можат да го менуваат секојдневието. Отпочнато е со ревидирање на работењето на ЈСП во изминатите години, бидејќи тоа претпријатие со години наназад е загубар и претежно е финансиски зависно од дотациите кои ги добива од градот Скопје. Нареден чекор што треба да се направи е да се консолидираат финансиите и според кажувањето на директорот на ЈСП, претпријатието од корисниците на услугите генерира приходи само околу 200.000 денари дневно, што е апсолутно минимална сума на средства.

Градоначалничката на Скопје најави дека градот ќе продолжи со праксата на дотации во буџетот на ЈСП.

„Ќе пристапиме кон реализација на она што сме го замислиле и кон етапно овозможување на бесплатен јавен превоз за скопјани. Најпрвин е неопходно да се оптимизираат возните редови, да се обезбедат квалитетни автобуси за граѓаните, потребни се еколошки автобуси со минимум емисии во воздухот. Со оптимизација на овие процеси и со исполнувањето на сето она што ни е ставено во програмата ќе ја постигнеме трајната цел“.

На прашањето како ќе се реши проблемот со приватните превозници, со кои градоначалничката Арсовска оствари средба и истакна дека ќе побара помош од владата, која пак се прогласи за ненадллежна, таа посочи дека Владата не само што е надлежна, туку помагала во слични ситуации во минатото.

„Политичката игра на „не сме надлежни“ а се надлежни е непримерно. Сведоци сме дека кога владата знаела да земе дел од нафтените резерви и да ги даде на градот за да бидат дотерани во јавниот превоз и кога немало ваква енергетска криза. Јасно им е на граѓаните, знаат какви се чекорите кои биле преземани во минатото, и кога не сме биле во криза како во моментов, а не било толку неопходно, а биле трошени средствата на граѓаните од непродуктивни трошења, владата знаела да помогне за да излезат од оние состојби во кои се затоа што била свесна дека со овој степен на децентрализација не можат да ги постигнат ветувањата кои треба да ги реализираат, изјави градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Царина ќе ги зајакнува контролите и присуството…

Унапредување на процесите на царинење преку унапредување…

ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…

Тешка кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…

Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…

(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…

Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…