Арсовска: Работиме на системски решенија за загадувањето на воздухот, не смееме да зависиме од тоа какви ќе бидат временските услови во Скопје

t

„Во Македонија треба да се работи на системски решенија за проблемот што го имаме со загадувањето“, изјави градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во денешното гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.

Таа потсети како години наназад Скопје се потпира на временските и климатски услови, наместо да преземе конкретни мерки кои ќе го подобрат квалитетот на воздухот.

„Не треба да зависиме од тоа какви ќе бидат временските услови во Скопје, треба да се работи на системски решенија за решавање на рпблемот што го имаме со загадувањето. Конкретно во Скопје преземаме системски решенија и отпочнуваме со она што можеме да го направиме и сработиме на краток рок, особено имајќи предвид дека сѐ уште го немавме изгласано буџетот. Меѓутоа отпочнавме уште од првиот ден со чистење на првите депонии. Од она што јас го имав во време на кампањата до сега, сите оние 120 депонии ги исчистивме, дел од нив почнавме да ги заградуваме, мима редовни контроли коишто гравитираат и не дозволуваат повторно да се креираат. Имаме и системско решение со кое нема да се дозволи повторно на истото место да се креира дива депонија. Активно се казнува затоа што животот и здравјето на граѓаните не смее да се дозволи да бидат загрозени. На тие депонии се согорувал и опасен шут и отпад од акумилатори, гуми, кабли и тоа е нешто што не смее да се дозволи“, изјави Арсовска додавајќи дека во следниот период ќе биде направено и многу повеќе.

Арсовска додаде дека активно и неселективно се прават контроли и испекции на сите капацитети, онаму каде што градот Скопје има ингеренции и смее да пристапи и да направи испитување и дека оваа пракса ќе продолжи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Царина ќе ги зајакнува контролите и присуството…

Унапредување на процесите на царинење преку унапредување…

ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…

Тешка кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…

Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…

(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…

Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…