Aрсовска ќе истражува каде исчезнаа 12 милиони евра од продажбата на градската куќа

t

“Прво ќе се посветиме да институциите преземат соодветни активности и детално да ги истражат кои се околностите околу продажбата на градската куќа затоа што нешто коешто било вложено толку време и толку средства за да се изгради да биде продадено за 12 милиони евра сметам дека треба да се разгледа, зошто, како, од кои причини е направена продажбата, особено имајќи предвид во кои услови во овој момент работат луѓето во градската администрација”

Меѓу другото, градоначалничката нагласи дека ќе има нулта толеранција за корупцијата.

“Имало можности да се реагира. Никој од повиканите институции, првенствено оние коишто биле надлежни во тој период не реагирале и верувам дека и тоа треба да биде предмет и оние институции кои имаат можност таму да преземат нешто треба да преземат” вечи Арсовска за изградбата на кулите кај Холидеј Ин.

Во врска со капиталните проекти кои се дел од програмата, а зависат од централната власт, Арсовска вели дека доколку на идниот премимер Ковачевски му е важен интересот на граѓаните ќе треба да соработува со градот Скопје и останатите општини во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Истрага против 11 лица од кои седум…

По неколкумесечна предистражна постапка што ја спроведуваше…

СДСМ: Дали актуелните командири, инспектори и раководството…

„Скандалозно е ова што го прави власта.…

Истрага за злоупотреби при јавна набавка во…

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

Обвинителството во Приштина започна истрага заради техничките…

Основното Обвинителство во Приштина ја овласти косовската…

Истрага за 46-годишен скопјанец, дилер на дрога!

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…