Од утре ладни радијатори во Скопје: На потег е владата

t

Скопјани уште денеска ќе имаат топли радијатори. Што ќе се случува утре ќе треба да одлучи владата бидејќи БЕГ вчера најави дека од утре нема да може да испорачува топлинска енергија. Компанијата побара Владата да ја превземе во времено управување компанијата почнувајќи од 14.01.2022 се до завршување на кризната состојба во оваа грејна сезона.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, вчера изјави дека БЕГ ќе остане без лиценца во моментот кога ќе престане да испорачува топлинска енергија.

Останува владата да го преземе управувањето со компанијата на одредено време додека не се стабилизира ликвидноста на БЕГ.

БЕГ е најголемиот производител и снабдувач со топлинска енергија во Скопје. На неговиот систем се приклучени над 58.000 скопски домаќинства.

Компанијата западна во финансиска криза откако цената на гасот на берзите скокна неколкукратно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

КРИВИЧНА ПРИЈАВА за поранешниот градоначалник на Ѓорче…

Одделот за криминалистичка полиција спроведе предистражни дејствија…

(Видео) Две страшни сообраќајки се случија ноќеска…

Две сообраќајки се случија ноќеска во Скопје,…

Скопјанец доби кривична пријава: Пронајдени куршуми во…

ОСОСК поднесе кривична пријава против Ф.С. (34)…

Прегазен струмичанец во Скопје, со тешки повреди…

Четириесет и седумгодишен струмичанец е тешко повреден…