(Видео) Нова xaвapија во РЕК Битола

t

Нов блок во РЕК не работи, за народот нема парно зашто за власта има тендери и криминал. Во сред зима делови од Скопје немаат парно, неизвесно е дали утре ќе има греење, затоа што никој од неспособната влада на чело со пиунот Ковачевски не преземале мерки за набавка на евтин гас, кога тоа го правеа владите на државите во регионот и Европа, ова денеска преку прес-конференција го истакна Стевче Атновски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Неспособноста која владата ја има сега граѓаните ќе ја плаќаат преку буџетот, но и со тоа е неизвесно дали ќе има греење. Како што се неспособни и го загрозија греењето, така се неспособни и го загрозија снабдувањето со електрична енергија. Блок 3 на РЕК Битола, повторно е надвор од функција, повторно трансформаторот не работи. Станува збор за истиот трансформатор којшто се запали во ноември, а беше наводно минат низ процес на ремонт. Сега пред неколку дена истиот трансформатор го исфрла цел Блок 3 на РЕК Битола од употреба. Поправката на овој трансформатор од технички аспект е многу дискутабилна. Со техниката не се игра и истата не трпи импровизации. Веднаш после синхронизација на блокот се активирала заштитата на блок трансформаторот и Блок 3 е повторно надвор од погон, вели Антовски.

Тој додава дека првите контроли и надзор од стручните лица укажуваат на внатрешен дефект на трансформаторот. Негова поправка во вакви случаи трае повеќе од една година.

-Ова значи дека Блок 3 во РЕК Битола најмалку една година ќе биде надвор од употреба. А, тоа пак значи дека ТЕЦ Неготино ќе произведува струја за 170 евра за MWh, а ќе ја продава за 41 евро по MWh на универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ уште долго време. Што значи тоа? Дополнително загадување на животната средина за подолг временски период, дополнително загадување на воздухот, дополнително нарушување на здравјето на граѓаните на државата. Повеќе од јасно е дека СДСМ ја уништува енергетиката во Македонија, повеќе од јасно е дека СДСМ нема капацитет, нема идеја, нема решенија како да се справи со кризите кои што ги наметна во нашата држава. Несериозноста, лукративноста и инаетењето не водат кон подобро. Итно мора да замине сето раководство во енергетскиот сектор, како Васко Ковачевски, и наместо плетење легенди за „шампиони“ да се посвети внимание за катастрофата во којашто ја втурна државата. Фактите се јасни. Оние кои ја втурнаа Македонија во енергетска криза не може да бидат дел од решението. Треба да си заминат што поскоро за тоа што наскоро ќе го осетат гневот на народот на сопствена кожа, вели Антовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Битолчанец со возилото удрил во бетонски столб,…

МВР информира дека вчера попладне во 15.44…

Битолски ресторан служел расипана храна, газдата не…

При спроведена вонредна инспекциска контрола во угостителски…

Битолчанец на 80-годишна возраст се самозадоволувал пред…

Осумдесетгодишен маж бил пријавен во полиција дека…

Силен ветер искорна покриви и дрвја во…

Силен ветер попладнево предизвика проблеми во Битола…

Полицајци привеле осуденик, па немало место во…

Тројца полицајци од Битола заработија кривична пријава,…