Антикopyпциска го иcкapa Гpyби го пpeкршил Кодексот за етичко однесување

t

Антикорупциската комисија на денешната седница констатираше дека избраните и именуваните лица од страна на Владата, Фекми Јонузи, заменик-директор на КПУ Идризово, Абдул Селами, заменик – директор на УЈП, Беким Реџепи, заменик-министер за транспорт и врски, Назим Буши, заменик-министер за внатрешни работи и Артан Груби, министер за политички систем и односи меѓу заедниците, постапиле спротивно од Кодексот за етичко однесување за владините членови и носителите на јавни функции именувани од страна на Влада.

Според ДКСК, овие лица во текот на работното време учествувале на настан на 22.09.2021 година поврзан со изградба на водоводна мрежа во скопското село Долно Количани, одржан за време на изборната кампања за Локалните избори 2021 година.

ДКСК упати иницијатива до претседателот на Владата и до лицето назначено како одговорно за следење на спроведување на Кодексот, со цел, да се поведе постапка за утврдување одговорност за овие лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Професори од УКИМ ја пријавија во ДКСК…

Професори од УКИМ ја пријавија во ДКСК…

Лога, Груби и Битиќи: Разговараме за заедничка…

Неофицијално јас знам дека тој датум ќе…

Несудената дипломатка Ејупи сега под истрага за…

Според она што беше објавено во некои…

„Забележувам поразлично однесување кај Путин, не беше…

Финскиот претседател Саули Ниинисто изјави во неделата…

Антикopyпциска го иcкapa Гpyби го пpeкршил Кодексот…

Антикорупциската комисија на денешната седница констатираше дека…