Воспаление на ‘рбетниот мозок и тромбоза: ЕМА објави нови несакани ефекти од вакцините „Астра зенека“ и „Џонсон и Џонсон“
Европската агенција за лекови препорача новите, ретки несакани ефекти да бидат вклучени во упатствата за употреба на вакцините за Ковид-19 од компаниите „Астра зенека“ и „Џонсон и Џонсон“.
За вакцините од двата производители, случаите на попречен миелитис се наведени како многу ретки како несакани ефекти по вакцинацијата.
Тоа е ретка невролошка состојба на воспаление на едната или двете страни на ‘рбетниот мозок, што може да предизвика слабост во рацете или нозете, сензорни симптоми (трнење, вкочанетост, болка или губење на болка) или проблеми со функцијата на мочниот меур или цревата.
ЕМА наведува дека односот помеѓу значајните придобивки од вакцините и потенцијалниот ризик останува непроменет дури и по новите наоди.
Кога станува збор за вакцината на „Астра зенека“, ЕМА препорача ажурирање на постоечките информации за „многу ретка“ можност за тромбоза со тромбоцитопенија (TTS) по вакцинацијата.
Последните податоци покажуваат дека ТТС се јавува во помалку случаи по втората доза – од 1.809 пријавени случаи во светот, 1.643 се случиле по првата и 166 по втората доза на вакцината на „Астар зенека“.
Според тековните информации за производот, втората доза од оваа вакцина е контраиндицирана кај луѓе кои доживеале ТТС по првата доза.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Светот потроши 2,9 трилиони долари за вооружување…
Вооружувањето и зголемената глобална несигурност ги зголемија…
Војната во Иран ги зголеми цените на…
Цените на широко користените лекови во Англија,…
Спречен обид за криумчарење на лекови, злато,…
Царинската управа спречи обиди за криумчарење на…
По 10 години се ажурира листата на…
Министерот за здравство, Азир Алиу, соопшти дека…
Пониски цени за над 300 лекови, ќе…
Министерството за здравство информира дека е спроведено…