Димитров се правда: Воопшто не молчев, додека бев во Владата битkaта ја водев внатре

t

Вицепремиерот за европски прашања во заминување Никола Димитров воопшто не се кае за искажаните ставови на прес-конференцијата од пред два дена и, како што вели воопшто не молчел, ни додека бил во Владата.

-Не се каам и воопшто не молчев, ни додека бев во Владата. Не бев толку отворен, затоа што битката ја водев внатре, вели Димитров во вечерашното интервју за „360“ степени.

Во однос на изјавата дека нема доверба во шефот на дипломатијата Бујар Османи околу решавањето на спорот со Бугарија, Димитров рече дека неговата проценка се темели на лично сведоштво на искажани ставови во рамките и на внатрешната координација, но и преку информации што ги добивал од министри и амбасадори на земјите-членки на ЕУ.

-Од таму ми се елементите и оценката. Настапите во јавноста се една работа, тоа што се случува зад сцената е друга работа, посочува Димитров.

На прес-конференцијата пред два дена Димитров рече дека неговите ставови во преговорите со Бугарија во многу наврати биле спротивни од неговите колеги во Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

(Видео) Посмртните останки на цар Самоил предадени…

Бугарскиот премиер Румен Радев пристигна во Музејот…

Кајчев од Историската комисија: Во 2019 договоривме…

Бугарскиот историчар, Наум Кајчев кој е член…

Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…

Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…