Димитров: Поради ставовите за преговорите со Бугарија во два наврати бев принyден да се зakaнам со оcтавка

t

Поранешниот вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, при гостување во емисијата „360 степени“ на Алсат ТВ, зборувајќи за битките што ги водел во Владата при градењето на ставовите во преговорите со Бугарија, изјави дека во два наврати се заканил и со оставка.

На прашањето дали кога вели дека водел тешка битка внатре мисли и на битка со премиерот Зоран Заев или само со шефот на дипломатијата Бујар Османи за кого кажа дека во него нема доверба, Димитров не даде конкретен одговор.

Јас би требало да се обидам да избегнам ова да стане дебата на ниво јас вака кажав, он така кажа. На најкрупно, мислам дека јавноста треба да знае, тоа веќе го споменав до некаде, во битката внатре за градењето на заеднички македонски позиции во два наврати бев принуден и да се заканам со оставка дека ’ако одиме вон оваа линија, тоа ќе мора да го правите без мене, а јас ќе излезам надвор и ќе бидам гласен – изјави Димитров.

Тоа, според неговите тврдења, го кажал и на премиерот Заев и во присуство на министерот Османи.

Димитров вели дека во една таква ситуација кажал и дека ако сакаат, неговото место во идната влада да го понудат и на Алтернатива.

Последниот пат, бидејќи беа актуелни преговорите со Алтернатива околу идната влада, реков: „Еве и ќе олеснам, ако одите вака, моето вицепремиерско место може да го понудите на политичката партија Алтернатива“. Дали не е мојата секирација легитимна, кога јас не сум внатре и кога не знам баш дали ќе има некој што ќе каже: „вон овие позиции без мене, јас ќе дадам оставка“? Јас тоа гајле морав да го споделам со јавноста – изјави Димитров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Не се рекламирајте на проруски медиуми на…

Големите брендови како Лидл, Кока-Кола и Лореал…

Хилари Клинтон ќе ја посети Бугарија во…

Хилари Клинтон доаѓа на специјален состанок на…

1.325.900 луѓе во Бугарија живеат под прагот…

Во 2023 година, вкупната линија на сиромаштија…

(Фото+видео) Мицкоски на средба со бугарски мафијаш:…

QUO VADIS Мицкоски? (Или „Каде одиш Мицкоски“…

Балканска работа: Српски историчар го прогласи Рилскиот…

Српски историчар го прогласи Рилскиот манастир за…