Објавено на:

Економист: Америка и Кина се на работ на вojна

t

САД и Кина се на само чекор од воена катастрофа, пишува британски „Економист“. Написот потсетува на инцидентот што се случи во април 2001 година, кога американскиот извидувачки авион ЕР-3 се судри со кинескиот ловец Ј-8II во Јужното Кинеско Море. Американскиот авион претрпе сериозни оштетувања и слета на островот Хаинан без дозвола, каде кинеските безбедносни сили уапсија и испрашуваа 24 членови на екипажот.
Екипажот на американскиот авион беше ослободен по извинувањето на тогашниот американски амбасадор во Пекинг, Џозеф Пруер, а важна улога во нормализирањето на ситуацијата одигра и среќата. Имено, тогашниот шеф на Белата куќа, Џорџ Буш, случајот му го префрлил на државниот секретар Колин Пауел, кој имал големо влијание и можел да носи брзи и ефикасни одлуки, наведува весникот.
Искусниот дипломат успеа да ги изолира преговарачите од политиката на Вашингтон, се истакнува во написот.

Две децении подоцна, пристрасниот Конгрес и медиумите нема да дозволат Америка да направи компромис со Кина.
Ниту во Пекинг не се подготвени да направат отстапки во случај на голем инцидент, наведува авторот.
И двете страни добиваат информации од прилично остри онлајн изданија, а не од ТВ канали кои го минимизираа настанот во 2001 година.
Покрај тоа, Кина и Соединетите Американски Држави во принцип се разликуваат за тоа како да се избегнат несреќи во воздухот.
Пекинг инсистира Америка да престане да испраќа свои авиони до границите на Кина, додека безбедноста во Вашингтон значи „мирно и предвидливо однесување“ во случај да се приближат ривалските борбени авиони, нагласи експертот за кризи Џанг Туошен.
Минатата година имаше неколку инциденти меѓу американските и сојузничките авиони од една страна и кинеските авиони од друга страна, кои во одреден момент ќе доведат до катастрофа и тој проблем ќе биде многу потешко да се реши, се заклучува во написот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина: Ние не ја предизвикавме украинската криза,…

Кина не ја предизвика украинската криза и…

КУЌИ СРАМНЕТИ СО ЗЕМЈА, ВОЗОВИ ЛЕТАА ОД…

Десетици торнада го погодија централниот дел на…

Блинкен: Ако Кина не го реши проблемот…

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен се закани…

Си Џипинг: Кина и Америка треба да…

Кина и Америка треба да бидат партнери,…

Макрон: Европа мора да покаже дека не…

Европа мора да покаже дека не е…