Објавено на:

Австралија дефинитивно ќе го депортира Ѓоковиќ!

t

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, нема да настапи на претстојниот гренслем-турнир во Мелбурн, откако федералниот суд на Австралија утринава ја одби неговата жалба за укинување на визата за влез во државата.

Ова е дефинитивен крај на еднонеделната сага, која почна со доделувањето медицински исклучок за настап на Србинот иако е невакциниран, па продолжи со првото одземање на визата и неговата победа пред судот на сојузната држава Викторија, за да финишира со ново одземање на визата и овој пат загубен „петти сет“ во втората жалба на одлуката на министерот за имиграција, Алекс Хоук.

Ова значи и привремено пролонгирање на обидот на популарниот Ноле да стане тенисер со најмногу освоени гренслем-титули, со оглед што сега е изедначен со по 20 на вечната листа заедно со Надал и Федерер, но и да дојде до десеттата круна на Австралија опен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Македонија со раст на индексот на…

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска упати…

Тешка сообраќајна несреќа на патот Радовиш-Штип: Сообраќајот…

Од АМСМ известуваат дека поради сообраќајна несреќа…

Груевски: Хронолошки случувања на Велики Петок и…

ХРОНОЛОШКИ СЛУЧУВАЊА НА ВЕЛИКИ ПЕТОК И ПРЕВЕЗОТ…

(Видео) Голем пожар во Берлин: Затворени врати…

Берлинската противпожарна бригада ја предупреди јавноста за…