Спроведовте бејрутизација на Македонија, ние сме полупротекторат – Апасиев со го предупреди Османи да внимава затоа што „Македонија е долга и широка“
„Воведовте башибозук демократија, ние станавме косовски полупротекторат, воведовте апартхејд кога Македончиња и Албанчиња живеат одвоено, имате отворено македонофобство, непочит кон химна и знаме, а вие Османи, внимавајте да не направите тешка стратешка грешка со идно предавство со Бугарија“, рече Апасиев и додаде дека тоа нема да биде простено зашто „Македонија е долга и широка работа“.
„Kaко старите добри комунисти, дискусијата за избор на нова влада ќе ја поделам на кадровска и програмска. Во програмската ќе речам дека завршува периодот на Заев во стилот ‘си одам не си одам’, но заевизмот остана. За време на Шарената револуција имавме израз ‘Ружна ви е Владата’, а Шарената револуција потоа беше предадена, а заевизмот пак си остана. Скандал мајсторот Спасовски остана на функцијата, познат и по лажните пасоши, па уште ја протурка и Славјанка во одбана иако биографијата ѝ е празна. Бисера ‘Скафандер’ оди во култура иако најголемо достигнување ѝ е што била преведувач за Фуере и Нано Ружин“, рече Апасиев.
Тој рече дека „момчето од Горњи Милановац“ ѝ нанесе пораз на Македонија со Грција, Македонците станаа северномакедонци, а потоа ја одведе Македонија пред понижување и пораз со Бугарија со тендеција да не постои македонскиот јазик или да постои со фуснота.
„ДУИ „искина“ осум македонски премиерии, вие Ковачевски ќе бидете деветиот, а во таа влада ќе бидат и натаму Груби и Маричиќ, без Царовска, сите како ангели на Сороз. Додека врескаат за некакво руско мешање, земјата ни стана на нивото на Сенегал. Додека ДУИ лета орли, секое второ дете се раѓа во Шипковица. А во Југославија имаше десет пати повеќе првачиња Албанчиња, значи правите зулум и кон своите Албанци, не излегувате од национал шовинизмот и правите бејрутизација на Македонија“, рече Апасиев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Апасиев: Единствена македонска опозиција што го чува…
Пратеник по Устав и по Деловник има…
(Фото) Пратениците на Левица остварија официјална средба…
Денес, 18 октомври 2023 година (среда), претседателот…
Апасиев: Партијата на Мицкоски со ново предавство,…
Говор на претседателот на Левица проф. д-р…
Апасиев за Мицкоски: ги саботирате протестите, додека…
Каде се чуло и видело, најголема опозициска…
Зошто Мицкоски ги брани избрканите од „Комуналец“,…
Отстранувањето на речиси 40 лица од платниот…