Вечерва Струмица и Куманово најзагадени градови во Македонија

t

Според апликацијата Мој Воздух која во живо 24 часа обезбедуваат резултати за Индексот на квалитет на воздух, вечерва Струмица е најзагаден град во Македонија со индекс на загадување од 277 што спаѓа во категоријата исклучително нездрава околина. Во истата категорија е и Куманово. каде индексот на загадување е 254.

Индексот за квалитет на воздухот се базира на мерење на емисиите на честички (PM2,5 и PM10), озон (O3), азот диоксид (NO2), сулфур диоксид (SO2) и јаглерод моноксид (CO).

Според овие вредности, воздухот има наднормално загадување и треба да се избегнуваат подолги периоди на отворена површина. На мали деца, стари лица и бремени жени им се препорачува да не излегуваат без посебна потреба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Струмичките полуматуранти направиле хаос – Костадинов: Плоштадот…

Полуматурантите во Струмица направиле хаос на струмичкиот…

Средношколци од Струмица организираат хуманитарен настан за…

Средношколци од Струмица денеска, 9 јуни, во…

Максим Димитриевски сака трет мандат за Куманово

Актуелниот градоначалник и лидер на ЗНАМ, Максим…

Филипче: Младите не заслужуваат ваква власт што…

Од трибината на Социјалдемократската младина на Македонија…