13 македонски градови подготвени за 5Г
Досега 13 градови во Македонија се подготвени за 5Г, а до крајот на месецов, со опрема од најновата генерација ќе бидат покриени и регионите на Струмица и Радовиш, соопшти денеска компанијата Македонски Телеком.
Оттаму наведуваат дека со континуирани инвестиции и интензивна работа на терен, се поставува напредна комуникациска инфраструктура којашто ќе овозможи гигабитни брзини и подобри технолошки капацитети за корисниците.
Македонски Телеком најавува дека до средината на оваа година, поголемиот дел од населението во урбаните средини ќе може да користи 5Г услуги, што, како што се посочува, е цела година пред очекувањата запишани во националната стратегија.
– Телеком ќе понуди 5Г услуги веднаш по добивањето на одобренијата за користење радиофреквенции од Агенцијата за електронски комуникации. Големите брзини и капацитети на новата 5Г мрежа ќе донесат револуција во корисничкото искуство, молскавично брзо споделување содржини и мала латентност. Оваа технологија ќе биде движечка сила за развојот на нови фукционалности и досега невидени услуги и производи коишто ќе ни го поедностават и подобрат животот во сите сфери. Користењето на сите напредни функционалности од оваа мрежа ќе се одвива постепено во текот на наредните години заедно со растот на можностите на новите технологии, посочуваат од Македонски Телеком.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…