Во 113 година од животот почина најстариот маж во светот
Најстариот маж во светот, Сатурнино де ла Фуенте Гарсија од Шпанија, почина на возраст од 112 години и 341 ден, соопшти Гинисовата книга на рекорди.
Гарсија во септември, 2021 година го собори Гинисовиот рекорд за најстара личност во светот, пренесе Њујорк Пост. Следниот месец ќе славеше својот 113 роденден.
Роден е на 11 февруари 1909 година, а зад себе остави 7 ќерки, 14 внуци и 22 правнуци. Во 1933 година се оженил со Антонина Барио Гутерес.
Бил висок само метар и половина поради што успеал да избегне учество во Шпанската граѓанска војна во 1936 година. Наместо тоа, почнал да работи како чевлар кој благодарение на одличните вештини и креативноста се прославил како еден од најдобрите чевлари.
Втора страст му била фудбалот, па затоа и оформил локален фудбалски тим во Пуенте Кастро.
Гарсија во една прилика изјави дека како рецепт за долг живот не треба никого да повредувате.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда
Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…
Крвав хорор со ножеви во Чаир –…
Во крвава тепачка во која биле користени…
СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…