И Димитров yдpи по Маричиќ: He е до државата да кажува дали постојат малцинства

t

Поранешниот министер за надворешни работи и доскорешен вицепремиер за евопски прашања, Никола Димитров со став конра актуелниот вице премиер за европски прашања, Бојан Маричиќ по однос на македонското малцинство во Бугарија. Во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма истакна дека не е на државата да кажува дека постојат малцинства.

Димитров додаде дека Македонија е една од ретките земји во европа која има самодоверба да каже дека има мултиетничко општество.

-Прашањето е исклучително важно, во договорот исто така покриено е со членот 14. Ние сме држава која што има доволно самодоверба да каже дека ние имаме мултиетничко општество. Имаме етнички заедници набројани во преамбулата на уставот и заедно си ја градиме и заедно си ја градиме нашата заедничка куќа, нашата заедничка Македонија, Северна Македонија. Јас вака почнав со одговор на едно прашање на Екатерина Захариева во срцето на Европа, во Стразбург во организацијата која што брани човекови права и демократија, истакна Димитров.

Наведе дека не сите држави на Балканот имаат ваков став во однос на малцинствата и дека тоа не е прашања на државите да кажуваат дали постојат малцинство туку дека тоа е прашање на самоопределување на самите граѓани.

-Не сите држави на Бaлканот имаат ваков став во однос на малцинствата. За мене во Европа во 21-от век, прашањето дали има или нема малцинства не може да биде предметна државна одлука. Прашањето не е до државите, прашањето е до луѓето кои што се чуствуваат или не се чуствуваат како нешто посебно во својата држава. Европските држави доброволно се приклучиле во организацијата која што се вика Совет на Европа и станале договорни страни на Европската конвенција за човекови права, каде што заедно рекле, ние овие права ќе ги гарантираме на луѓето. Си има механизми, си има суд, си има механизми за контрола на тие држави, се мониторира имплементацијата на тие пресуди и така натаму. Така што, ние тука очигледно имаме една европска позиција по однос на прашањето на малцинствата. Не е до нашата држава да каже нема македонско малцинство во Бугарија. Тоа едноставно не е прашање за нашата држава, ноа исто така би било мешање во внатрешни работи, посочи Димитров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонски пејачи ќе пеат во Бугарија на…

Втора година по ред во бугарското село…

Најголем број туристи од Бугарија и Русија,…

Србија во март ја посетиле 153.155 странски…

Земјотрес во Бугарија

Земјотрес е регистриран во четвртокот во 8…

Бугарија забрани реклами за коцкање, казина и…

Националното собрание на Бугарија конечно усвои целосна…

Хилари Клинтон ќе ја посети Бугарија во…

Хилари Клинтон доаѓа на специјален состанок на…