32-годишното лице од Битола кое починa од корона одбивало хоспитализација
Во последниот ковид-извештај на Министерството за здравство, меѓу 12-те починати беше регистрирано и младо лице на 32-годишна возраст од Битола. Според Министерството, лицето покрај тоа што било во тешка состојба, одбило да биде хоспитализирано, а имало и хронично заболување и не било вакцинирано.
-Позитивен е од 18.01.2022, прв преглед направен ден претходно кога одбивал хоспитализација, во тешка општа состојба со ниска сатурација. На негово барање примен во дневна болница на 18.01., но поради екстремно тешка состојба задржан вечерта во болница, дадена соодветна терапија и кислородна поддршка. Биле преземени реанимациски мерки, но почина денес во раните утрински часови, се вели во соопштението на Министерството за здравство.
Од МЗ додаваат дека битолчанецот имал заболување на црниот дроб и прекумерна тежина.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 6 починати лица од Скопје (65г, 69г, 70г, 78г, 83г и 84г), 3 од Битола (32г, 72г и 79г) и по едно починато лице од Велес (30г), Охрид (63г) и Прилеп (62г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лице од Струмица (59г) починат на 15.01.2022, во болнички услови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…