И ОЈО со детали за тpaгедијата ка Сити Мол: Се разгледуваат снимки од видео надзор

t

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид на местото на тешка сообраќајна несреќа во близина на трговскиот центар „Сити мол“ во Скопје, во која животот го загуби едно лице, а уште едно беше повредено.

Според првичните сознанија, до несреќата дошло кога патнички автомобил „Цитроен Ц4“, управуван од лице на возраст од 22 години, удрил во двајца пешаци, девојка и момче на возраст од по 24 години, кои поминувале преку улицата. Од здобиените повреди, оштетената починала на лице место, додека другиот пешак е повреден и пренесен во болница.

По наредба на јавен обвинител, возачот на автомобилот веднаш по несреќата е лишен од слобода и задржан во полициска станица. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатата, а нареди и вештачење на примероци од крв и урина од возачот на автомобилот со цел да се утврди дали тој управувал со возилото под дејство на алкохол или други недозволени супстанции.

Издадена е наредба за обезбедување на снимките од видео надзорот на местото каде се случи несреќата. Се преземаат и други дејствија за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде донесена одлука за натамошното постапување.​​

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Светското е далеку: Македонските ракометари убедливо загубија…

Македонската машка ракометна репрезентација загуби вечерва на…

(Видео) Ковачевски го призна поразот: „Ова е…

Лидерот на СДСМ, на прес-конференција го призна…

Левица: Имаше нерегуларности, бугарски воз, притисоци од…

Партијата Левица вечерва по затворањето на гласачите…

ДО ОВОЈ МОМЕНТ: ВМРО-ДПМНЕ со 58 пратеници…

Според првичните пребројани резултати во македонското собрание…

Пендаровски: Уште пред Нова година знаев дека…

Уште пред Нова година знаев дека коалицијата…