Голема промена: Не очекува грч лaднo време – минусни температури и снег
Следните денови времето ќе биде многу студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер. Утринските температури на многу места ќе се спуштаат до околу -10 степени, а дневните ќе бидат околу и под нулата.
Како што информира УХМР, поради ниските температури се очекува појава на голомразица. Повремено ќе има зголемување на облачноста со услови за провејување на слаб снег, особено во вечерните часови и во северните делови.
Утре, најниската утринска температурата ќе биде -12 во Тетово, а максималната дневна четири степени во Гевгелија. Во Скопје температурата ќе се движи од -9 до два степена.
Во вторник се очекува најниската утринска температура да изнесува -15 степени.
Според прогнозата на УХМР, најстудено ќе биде во понеделник со дневна температура од -5 до два степена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МПЦ-ОА со сочувство за бомбашкиот напад на…
Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан упати…
Техеран: Русија и Кина зборуваат, но не…
Додека Блискиот Исток повторно се доближува до…
Затворен е воздушниот простор над Обединети Арапски…
Воздушниот простор на Обединетите Арапски Емирати моментално…
Иран ги напаѓа американските воени бази во…
Ал Џезира, радиодифузерот со седиште во Катар,…
Макрон вели американските напади на Иран се…
Францускиот претседател Емануел Макрон вели дека немало…