Данела исчисти уште една дива депонија

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска попладнево ја информираше јавноста дека е отстранета и расистена уште една дива депонија во Скопје.

-Денеска извршивме надзор над работата, на локација каде службите на градот и јавните претпријатија исчистија дива депонија од 2000 метри квадратни во Горно Лисиче, а беа собрани 250 метри кубни смет, кабаст и градежен шут.

Градот Скопје продолжува со интензивно чистење на дивите депонии низ градот. Денеска на мајор коритото на реката Вардар во населбата Горно Лисиче во општина Аеродром во близина на железничкиот мост, службите на Градот Скопје со десетина камиони и механизација успешно исчистија дива депонија по должината на кејот.

Градот Скопје ги охрабрува граѓаните да ги пријавуваат дивите депонии, се со цел нивно отстранување за превенирање на можностите на загадување на воздухот, почвата и водата, со што директно се влијае на одстранување на еден од причинителите кој придонесува за нарушување на здравјето на скопјани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска…

Велика Сабота – денот меѓу смртта и…

Сабота, значи покој. Велика Сабота е ден…

121 ГОДИНА ОД СМРТТА: Ќе биде доделена…

Во земјава денеска се одбележуваат 121 година…

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Облачно со повремени врнежи од…

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно…

Денеска се празнува Велика Сабота

Во светата и Велика Сабота го празнува…