Mакедонците од Голо Брдо отceчени од светот

t

Македонците во областа Голо, на албанско – македонска граница и оваа зима не ги одминаа проблемите со кои се соочуваат по обилни снежни врнежи, по кои е познат овој планински регион.

По последниот снег, чија дебелина надминува 40 сантиметри, тие веќе трет ден по ред се отсечени од светот.

-Дополнителен проблем е и недостигот на електрична енергија присутен веќе трет дена. Во текот на ноќта и утринските часови живата во термометарот падна на – 16 степени целзиусови, а вечерва и утре најава има за повисоки минусни температури – велат жител.

Едмонд Османи администратор на административната единица Требиште рече дека во соработка со градоначалникот на општина Булќиза се прават максимални напори за надминување на проблемите.

– Обилните снежни врнежи, поларниот студ и мразот го прават своето. Вложуваме максимални напори да се пробијат патиштата. Превземени се сите мерки и сме во служба на жителите за било каква потреба – изјави тој.

Областа опфаќа 22 населени места со над 12 илјади жители.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еве какво време не очекува денес

Времето денеска ќе биде променливо облачно и…

Сијарто: Судирот во Украина мора да заврши…

– Војната претставува сè поголеми предизвици поради…

Даштевски: Очекувам првичните резултати од двојните избори…

Државната изборна комисија (ДИК) е подготвена за…

Црвенковски одлучи да се затвори дома и…

Неприфатлив e молкот на поранешниот претседател Бранко…

Украински разузнавач: На крајот ќе мора да…

Украина ќе мора да стапи во преговори…