Русија ќе ги искористи енергенсите како оружје? Дали е на повидок продлабочување на енергетската криза во Европа?
Доколку Западот воведе нови санкции кон Русија поради ситуацијата околу Украина, Русија како одговор може да ги користи испораките на нафта и гас за Европа како оружје, да ги ограничи, што може да доведе до рекорден пораст на цените, пишува Тајмс, цитирајќи неименувани функционери во британската влада.
На серија состаноци се разговараше за потенцијалните последици од ограничувањата на руската енергија. Министрите дојдоа до заклучок дека нема директна закана од недостиг на гас, но цените ќе достигнат рекордна вредност.
„За разлика од некои земји, Велика Британија речиси и да не увезува руски гас. Сепак, како и сите земји, ние сме во опасност од зголемување на големопродажните цени, што ќе биде сериозен проблем доколку Русија ги ограничи испораките во иднина“.
Претходно „Фајненшл тајмс“ објави дека САД преговараат со Катар и другите големи извозници на течен природен гас за итни мерки во случај да има проблем со испораката на гас од Русија во Европа. Сепак, изворите на весникот предупредија дека нема „магично стапче“ за решавање на потенцијалниот дефицит, бидејќи Европа е под притисок од енергетската криза.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…
Венецуела половина од произведената нафта ја испорачува…
Околу половина од нафтата што моментално се…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…