(Видео) Ковачевски и Петков го посетија универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Софија
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски и претседателот на Владата на Република Бугарија Кирил Петков, како дел од програмата на официјалната посета на македонската Влада, го посетија државниот универзитет „Св. Климент Охридски“ во Софија.
Највисоки претставници на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ и на Економскиот факултет ги запознаа гостите со заедничката програма на Универзитетот Харвард од САД со софискиот државен универзитет на магистерските студии на Економскиот факултет, на која гостин професор е и премиерот на Бугарија Кирил Петков.
За време на посетата на универзитетот премиерите Ковачевски и Петков имаа куса средбата и со ректорот проф. д-р Анастас Герџиков, на која меѓу, другото, стана збор и за заедничкиот интерес на двете влади да ја охрабрат комуникацијата и соработката меѓу државните универзитети во Северна Македонија и Бугарија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
(Видео) Посмртните останки на цар Самоил предадени…
Бугарскиот премиер Румен Радев пристигна во Музејот…
Кајчев од Историската комисија: Во 2019 договоривме…
Бугарскиот историчар, Наум Кајчев кој е член…
Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…
Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…