Одлична вест за Ѓоковиќ, Британија ја промени одлуката
Британската влада одлучи да ги промени правилата за пристигнување на странски државјани кои не се вакцинирани против коронавирусот – тие отсега нема да мора да одат во карантин, што може да биде важна информација за Новак Ѓоковиќ и неговото учество на Вимблдон.
Британската влада во одлуката наведе дека сегашната практика на карантин за невакцинираните пристигнувања се менува и дека отсега таквите патници ќе треба да имаат само пополнет облик на престој во ОК и задолжително тестирање.
Информацијата за тоа ја потврди пратеникот Грант Шапс.
Ваквиот исход е во корист на Новак Ѓоковиќ, кој беше избркан од Австралија и не можеше да настапи на Австралија опен, а потоа од Франција беше објавено дека вакцинацијата против корона вирусот е ексклузивен услов за оние кои имаат намера да се натпреваруваат на Ролан Гарос.
Со тоа што Ѓоковиќ речиси сигурно ќе има пречки за патувањето во САД, што значи сомнителен настап на УС Опен, најдобриот тенисер на светот има само една шанса да го освои 21. Грен слем трофеј – овогодинешниот Вимблдон.
Со новите правила нема пречки да се појави на најпрестижниот турнир, но тоа треба да го потврдат организаторите на натпреварот за да нема нови потешкотии и проблеми во комуникацијата кои делумно влијаеле на протерувањето на Ѓоковиќ од Австралија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија и Франција клучни за европската одбрана,…
Поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог…
Шест од десет Британци сакаат државата да…
Британскиот премиер Кир Стармер повика на „подлабоки…
Илјадници патници заглавени меѓу Британија и Франција…
Проблеми со напојувањето во Евротунелот (Channel Tunnel)…
Кралот Чарлс за нападот во воз кај…
Британскиот крал Чарлс III денес изјави дека…
НОЛЕ МУ СЕ ЈАВИЛ НА ВУЧИЌ ПРЕД…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во гостување…