Се скараа: Итна видео средба доцна вечерва помеѓу Бајден и лидерите на Европската Унија поради несогласувањата во врска со Украина
Американскиот претседател Џо Бајден доцна вечерва ќе има видео средба со неколку лидери на Европската унија (ЕУ) за ситуацијата во Украина, соопшти Белата куќа, откако станаа видливи несогласувањата меѓу САД и нејзините европски сојузници.
Американскиот претседател ќе разговара со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, британскиот премиер Борис Џонсон и полскиот претседател Анджеј Дуда.
Видео средбата ќе се одржи во кризната соба во Белата куќа.
Видео состанокот е дел од нашата размена и тесна координација со нашите сојузници и трансатлантските партнери како одговор на руското воено засилување на украинската граница – соопшти Белата куќа.
Француските медиуми пренесуваат дека ставот на Вашингтон и Европејците за Украина се чини дека не е усогласен.
САД сега споменуваат можна инвазија на Украина во секое време и најавија повлекување на дел од персоналот од нивната амбасада во Киев. Обединетото Кралство и Австралија го направија истото.
Некои европски лидери бараат објаснувања за таквиот американски став, за кој тие сметаат дека е можна прекумерна драматизација на САД.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп ја зазема страната на Русија против…
Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…
Трамп изјави дека Украина мора да сака…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…
Администрацијата на Трамп поништи над 300.000 визи…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поништила…
Амбасадорката на САД, Никол Варнс во посета…
Општина Делчево денеска беше домаќин на амбасадорката…
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…