Тажна вест: Замина маестро Џамбазов
Познатиот шоумен, Игор Џамбазов утринава ја извести македонската јавност дека починал неговиот татко, маестро Александар Џамбазов.
-Си замина нашиот МАЕСТРО, тивко и нечујно, како што живееше во последните 25 години…од денес, конечно со својата Анче…вечен нека ни е споменот на тебе, маестро мој.

Александар Џамбазов е роден на 3 февруари 1936 година во село Стапар, Војводина. Тој е познат македонски диригент и композитор. Музичка академија завршил во Белград, а целиот работен век го минал во Македонската радио-телевизија, како диригент на Танцовиот и Ревискиот оркестар.
Има реализирано безброј снимки и концерти во живо, Настапувал во земјава и во странство (Раденци во Словенија итн.). Добитник е на голем број (педесетина) стручни награди. Се категоризира во четвртата генерација македонски повоени композитори.
Неговиот творечки опус е многу богат. Автор е на голем број детски песни. Иницијатор и долгогодишен диригент беше на фестивалот за деца, „Златно славејче“ во Скопје. Пишувал сценска музика и филмска музика („Мементо“, за драмите „Мајка“, „Двајца на нишалка“ итн.) и повеќе дела од класичната музика, меѓу кои и „Рапсодија за Скопје“ – за пијано и оркестар (1966), „Седум танцови варијации“ – за пијано и оркестар (1977) и др. Компонирал и хорски композиции, како и голем број популарни мелодии.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Утре вонреден состанок на Меѓународната агенција за…
Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска…
Медведев: По нападите на САД врз Иран,…
„Повеќе земји се подготвени директно да го…
„Квалитетно“ работеле: Ниту еден извршител не останал…
Вкупно 137 претставки од странки против конкретни…
Светот очекува дали и како Иран ќе…
Светот го очекува одговорот на Иран откако…
Бритиш Ервејс ги откажа летовите до Дубаи…
Британскиот авио-гигант „Бритиш Ервејс“ ги суспендира летовите…