ЈСП и Град Скопје склучија договор, инвалидите конечно ќе имаат соодветен превоз
“Градот Скопје и Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје склучија договор за реализирање организиран превоз на лица со потешка телесна инвалидност на кои заради движење им е потребна инвалидска количка и на лица со тешки моторни пречки, со посебно адаптирани возила.
Превозот на корисниците се реализира со посебно адаптирани возила со автоматски управувана рампа за инвалидска количка, рачки за држење, каиши и шипки за закочување на инвалидските колички. Возилата што се сопственост на Град Скопје, се дадени на користење на ЈСП.
Реализацијата на превозот на дестинации на подрачјето на Град Скопје, е во согласност со Програмата за активностите во областа на социјалната, детската и здравствената заштита во град Скопје, за 2022 година.
Градот Скопје посветено работи на подобрување на пристапноста до градските институции за лицата со потешкотии во движењето, како и на нивната мобилност низ градот.” известија преку соопштение од Град Скопје
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопје без ниту една дискотека што ќе…
Скопје нема да има ниту една дискотека/кабаре…
Кос доаѓа во Скопје на средба со…
Еврокомесарката за проширување, Марта Кос ќе се…
Кривична пријава против 16-годишно момче од Скопје:…
СВР Скопје поднесе кривична пријава против 16-годишник…
Арсовска за Николоски: Пренесете му на неписмениов…
Ќе му пише ли некој на неписмениов…
Дезинсекција против комарци, од сабота до четврток…
Градот Скопје ги известува граѓаните дека на…