Донев: Постои притисoк врз македонската комисија, продолжува политиката на Заев по секоја цена да се реши се

t

Притисок очигледно дека постои од наша страна притисок врз историската комисија, додека бугарската страна се координира со нивното министерство за надворешни работи и таму нема притисок затоа што Бугарија има јасни позиции, изјави за „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

– Дека врз македонската комисија се врши притисок тоа е очигледно. Прво има прашања кои не може да се брзаат, треба време. Но не јасно за што разговараме. Во договорот стои да се разговара за заедничко одбележување настани и личности што ги поврзуваат двата народи, а не за ревизија на целата македонска историја. Меѓутоа како и зошто е прифатено да се разговара за целата историја е прашање, истакна Донев.

Според него многу работи се нелогични во проблемот со Бугарија, во ред е да се затворат некои проблеми, но ваков однос е неразбирлив.

– Политиката на Заев дека мора да се реши по секоја цена и идејата дека сме ист народ очигледно дека и понатаму продолжува, рече тој.

Во однос на изјавите на екс министерот Димитров, Донев вели дека тоа не е изненадување, се познава по изјавите дека министерот Османи е попуслив.

– Беше прашање на време кога ќе се покаже дека македонската страна е попуслива и дека цело време се поклонува пред Бугарите, потенцира Донев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Протест во Софија: „Русија да си…

Протест под мотото „Вашиот „мир“ е капитулација!…

Нападите со дронови во Црното Море го…

Шест бродови се откажале од пристигнување во…

И од Бугарија бегаат криминалци: Двајца обвинети…

Двајца мажи со германски пасоши, осомничени за…

(Видео) „Бугарија е заробена држава од руските…

Поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев, четворица поранешни…

Бугарскиот министер за одбрана: Побаравме од НАТО…

Интензитетот на нападите во Црното Море се…