Објавено на:

-17 степени измерени во Македонија: Не очекуваат ниски температури

t

Најстудено утрово е во Берово со -17 степени и во Маврови Анови каде што се измерени -16. Во Крива Паланка е -14, во Битола и Тетово -13, во Струмица и Крушево -11, во Прилеп, Охрид, Претор, Штип, Демир Капија -10. Девет степени под нулата се измерени во Скопје и Виница, -5 во Куманово, -4 во Дојран и -2 во Гевгелија.

Најмногу снег има во Маврово 39 сантиметри, на Попова Шапка 31 и во Крушево 13, соопшти УХМР.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена, а во североисточните делови со зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -16 до -3, а максималната ќе достигне од -2 до 7 степени.

Во Скопје, претежно облачно и студено со слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне 2 степени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Додик: Нуклеарно оружје може да се употреби…

Конфликт меѓу Израел и Иран би можел…

НАТО внимателно ја следи ситуацијата во Иран

НАТО внимателно ја следи ситуацијата во Иран,…

Лишен од слобода возач во Куманово, управувал…

На 20.06.2025 во 16.50 часот на ул.„120“…

Трамп го предупреди Иран: Секоја одмазда ќе…

Откако се обрати до нацијата, претседателот на…

Белата куќа објави фотографии од Советот за…

Белата куќа синоќа објави фотографии од Советот…