И по трет обид Италија не избра Претседател – Во понделеник ќе се гласа по четврт пат
Третиот круг гласање за нов претседател на Италија ниту денеска не донесе победник, а блоковите од десниот и левиот центар очигледно не се поблиску до договор за заемно прифатлив кандидат.
На успешен кандидат му треба двотретинско мнозинство во кој било од првите три круга на гласање. Од четвртото гласање, кое ќе се одржи утре, ќе биде доволно апсолутно мнозинство. Денеска голем број пратеници продолжија да гласаат со празни гласачки ливчиња.
Сепак, се` поголем број го наведуваат името на шефот на државата во заминување, Серџо Матарела, кој одби да прифати втор мандат. Премиерот Марио Драги е фаворит, но целиот процес е комплициран поради загриженоста на партиите дека преземањето на претседателската функција од Драги може да доведе до распаѓање на владата и распишување предвремени парламентарни избори.
Иако е главно церемонијална должност, италијанскиот претседател има значителни овластувања во време на политичка криза – од распуштање на парламентот до избор на нов премиер и отфрлање на мандатите од кревките коалиции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Насилни протести во Италија: полицијата употреби…
Италијанската полиција употреби солзавец против демонстрантите во…
Илјадници млади на улиците во Италија и…
Илјадници студенти и средношколци излегоа на улиците…
Хаос во Италија поради одлуката на синџир…
Одлуката на енергетскиот гигант Ени предизвика голема…
Мелони забранува носење на бурки и никаби…
Италија се подготвува да го забрани покривањето…
Италија: Дронот што го соборивме над Литванија…
Италија соопшти дека дронот што италијански борбен…