Прозорците редовно ќе се отвораат: Еве како ќе се одвива наставата во училиштата

t

Комисијата за заразни болести предложи наставата од второто полугодие од училишната година да продолжи со физичко присуство на учениците, пренесува Плусинфо.

Оваа одлука е донесена во моментите кога во Македонија дневно се регистрираат над 2000 новозаразени лица, а болниците се преполни со болни од ковид-19. Дополнителен проблем секако дека ќе претставуваат и актуелните мерки за заштита на здравјето пропишани за одржување на одделенска настава, со кои е предвидено учениците за време на часовите да седат со маски, а прозорците редовно да се отвараат за да се проветрува.

Секако дека отворањето на прозорците може да предизвика ризик по здравјето на децата, бидејќи температурите се исклучително ниски.

– Добивме известување за физичка настава, а тоа ќе значи дека часовите ќе се одржуваат пред отворени прозорци во поголемиот дел од часовите. Ќе се обидеме да ги ротираме децата, за да не бидат истите што цело време ќе седат до прозорците. Сличен проблем имавме и на почетокот од годината, кога поради невообичаено високите температури дел од деца се пожалија на сиптоми на сончаница – вели наставничка од едно скопско основно училиште.

Извор: Плусинфо

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична против две лица поради кражба на…

Единицата за внатрешни работи Центар и Бит…

Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион…

На 03.05.2024 во 21.20 часот во близина…

(Фото) Се подготвува нов спектакл на небото…

Традиционално и овој Велигден ,,Комити Драчево” подготвуваат…

ВАКВО НЕШТО САМО ВО МАКЕДОНИЈА МОЖИ ДА…

На 03.05.2024 година во 23.20 часот, во…

ЗАГИНАТИТЕ ИМАЛЕ 27 И 49 ГОДИНИ: Детали…

Полицијата соопшти детали за тешката сообраќајна несреќа…