Данела остварува уште едно ветување: Се иницира законско решение за заштита на Водно

t

Во соопштени до јавноста од Град Скопје известуваат дека е иницирана законска заштита на Водно.

Еве го нивното соопштение:

“Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска се сретна со претставници на граѓанските здруженија „Го сакам Водно“ и на „Иницијативата O2“, на којашто разговараа за фазата на реализација на иницијативата за предлог- законот за заштита на Водно.

Градоначалничката Арсовска посочи дека Водно и Скопје се неразделно поврзани, a со насилната и нелегална урбанизација се загрозува овој зелен штит на градот и не треба да се дозволи узурпација на овој значаен дел од Скопје.

„Се обврзавме на заштита на Водно, со обезбедување дополнителен степен на законски регулирана заштита во интерес на Скопје и скопјани. Започнавме со креирање предлог решение за законски обезбедување заштита на Водно, со што инициравме Закон за заштита на Водно.“, посочи градоначалничката Арсовска на денешната средба.

Заедно со граѓанските организации Град Скопје започна постапка и во својата програма за 2022 година издвои средства за изработка на Просторен план за Водно. Градот Скопје се заложува за системско решение за Водно и со иницирањето на овој предлог-закон, кој ќе биде поднесен до Собранието, конечно правно ќе се регулира заштитата на Водно.”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Не чекаме да нѐ „изненади”, делуваме…

Не чекаме да нѐ „изненади”, делуваме пред…

Од 10 до 15 декември Скопје ќе…

Скопје ќе биде новогодишно украсено во периодот…

Парното поскапува од 1 декември, сметките во…

Од 1 декември цената на топлинската енергија…

Вo текот на минатата недела се отстранети…

Во текот на изминатата седмица, екипите на…

Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…

Скопје нема да биде заложник на вандали,…