(Видео)Бугарија нема господари: Петков има план доколку дојде до прекин во снабдувањето со руски природен гас

t

Ризиците за Бугарија се поврзани со енергијата, а особено со снабдувањето со гас. Мора да се почитува меѓународното право. Бугарија нема господар.

Ова го изјави премиерот Кирил Петков, информирајќи ги пратениците за ставот на Бугарија за руско-украинската тензија, јави репортерот на БГНЕС.

Премиерот Петков рече дека Бугарија работи на стратегија која вклучува опција во која има прекин во снабдувањето со руски природен гас поради ситуацијата околу Украина.

Имаме јасен план и во јасна комуникација сме со ЕК какви мерки би преземале доколку дојде до прекин на снабдувањето“, рече премиерот.

Петков ги смири деловните и домашните потрошувачи.

„Бугарските домаќинства и бизниси ќе имаат алтернатива во такво сценарио“, додаде тој.

Премиерот Петков е дециден дека Бугарија нема господари.

„Не можам да се согласам дека Бугарија има господар. Ние сме суверена нација. Мораме да се почитуваме како народ“, рече тој, повторувајќи дека пристапот отсега натаму е да нема области на влијание.

„Меѓународното право мора да се почитува. Почитувањето на меѓународното право мора да важи за сите“, рече премиерот.

Според него, тензијата и ескалацијата околу Украина поради дејствијата на Русија се факт и тоа не може да се игнорира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Посмртните останки на цар Самоил предадени…

Бугарскиот премиер Румен Радев пристигна во Музејот…

Млада лаборантка почина од чума во Русија,…

Жена почина од белодробна чума во регионот…

Кајчев од Историската комисија: Во 2019 договоривме…

Бугарскиот историчар, Наум Кајчев кој е член…

Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…

Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…

Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…

Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…