Средба Ѓорѓиевски-Арсовска: Сега имаме можност да ги евидентираме проблемите кои се во надлежност на Градот Скопје и да го забрзаме нивното решавање
Денес се одржа координативен состанок со градоначалничката на градот Скопје, Данела Арсовска на кој се дискутираше за проблемите кои се под надлежност на градот, а присутни беа и претставници на јавните претпријатија и секторите при Град Скопје од една страна, како и претставници на урбаните и местните заедници од општина Кисела Вода.
„Радува фактот што сега има можност да се евидентираат проблемите кои се во надлежност на Градот Скопје во присуство на градоначалничката, но и на службите кои се одговорни за нивно решавање. На овој начин, ќе се забрза темпото на нивното решавање.“, изјави Ѓорѓиевски
Градоначалничката Арсовска на почетокот се заблагодари на ажурноста на нашата општина од која претходно ги доби како печатен материјал сите евидентирани проблеми.
Во своето излагање таа се осврна на повеќе од посочените проблеми и ги утврди насоките по кои тие ќе се решаваат. Потенцираше дека оваа средба е прва и дека вакви работни состаноци ќе бидат редовна пракса и ќе се одвиваат најмалку еднаш во месецот.
Настанот продолжи со работен состанок во кабинетот на Ѓорѓиевски, на кој се дискутираше околу динамиката на заедничките проекти кои во моментот течат на територија на општина Кисела Вода и планирање на следните заеднички чекори во насока на подобрување на жителите од овој дел на Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…
Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…
Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…
Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…
Растот на индустриското производство во вториот квартал…
Од 1.670 евра до над 2.150 евра…
Пазарот на недвижности во Европа продолжува да…
Водата во Скопје е безбедна за пиење
Водата во Скопје е квалитетна и безбедна…
