Објавено на:

Препукувањата продолжуваат: “Наместо да фрлаат пари за војна, Американците можеа да го претворат Авганистан во цветна градина” вели Медведев

t

Парите што САД ги фрлаа за Авганистан за време на нивното 20-годишно присуство таму можеа да помогнат оваа сиромашна земја да се претвори во цветна градина, рече заменик-претседателот на рускиот совет за безбедност, Дмитриј Медведев, во интервју за руски медиуми.

„Доколку парите што беа потрошени во текот на тие 20 години беа насочени за постигнување други цели – не знам каде отидоа, веројатно имаше некои коруптивни зделки и залудно трошење – мислам дека Авганистан можеше да се претвори во расцутена градина. “, истакна тој.

Според Медведев, тоа ќе беше можно „да се направеа напори за таа цел и ако Соединетите држави се воздржаа од наметнување на сопствен модел на демократија на сите останати, кој го шири низ светот и кој целосно не е применлив за голем број на земји“.

Заменик-претседателот на рускиот совет за безбедност истакна дека ситуацијата со трговијата со дрога во Авганистан моментално е драматична, бидејќи кога Американците дојдоа таму во 2001 година, сите очекуваа од нив да го исчистат нередот на ова поле, но трговијата со дрога се зголеми за околу 40 пати. .

Зборувајќи за изгледите за признавање на авганистанската влада формирана од талибанците, Медведев истакна дека руските власти одржуваат контакт со движењето, но многу ќе зависи од „спроведувањето на голем број обврски што Владата има, особено во однос на борбата против тероризмот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Америка крие тела на четири вида вонземјани,…

Научник, кој со децении работел со програмата…

Долгот на САД за првпат надмина 40…

Јавниот долг на САД за првпат ја…

Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…

Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…

Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…

Русија почна да увезува горива за домашниот…

Венецуела половина од произведената нафта ја испорачува…

Околу половина од нафтата што моментално се…