(Фото) Поставен бројчаник на семафорите во Бутел: Добри вести за Скопјани, Арсовска доследна на ветеното

t

Новата градоначалничка на Градот Скопје, Данела Арсовска останува доследна на своите ветувања од предизборната кампања и посветена на решавање на собраќајниот хаос во главниот град.

Имено во предизборието градоначалничката Арсовска им вети на граѓаните на Скопје дека во првите 82 дена ќе бидат вратени зелените бранови на семафорите како и дека ќе бидат во функција бројчаниците на семафорите кои го намалуваат времето на чекање на граѓаните.

Токму денес Арсовска пред завршувањето на рокот кој сама си го зададе постави нов бројчаник на улицата Христијан Тодоровски Карпош во општина Бутел.

Бројчаникот ќе го олесни движењето на граѓаните на оваа фрекфентна локација и ќе ги намали главоболките на граѓаните.

Да потсетиме дека токму решавањето на собраќајниот хаос во Скопје беше едно од клучните ветувања на Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…