Новиот министер за здравство покажа разум: Не значи дека секој позитивен на Ковид починал од вирусот

t

Бројот на починати од ковид во Македонија се чини висок, затоа што според методологијата бележење на починатите со ковид-19, кај нас секој кој починал, а бил позитивен на Ковид-19, се регистрира како починат со ковид. Но, тоа не значи дека смртта била последица од ковид, рече министерот за здравство Беким Сали, кој денеска се вакцинираше со трета доза.

Можеби сме земја со висока смртност од пандемијата, но не значи дека ние не сме го згрижиле пациентот. Во регионот имаат друга методологија, па не треба да ве залажува бројката што е кај нас 8.000, а кај нив 2-3.000, рече Сали.

Министерот појасни дека по намалување на периодот за изолација на Ковид-позитивните на седум дена, плпус три, со системот „Мој термин“ матичните лекари на седмиот ден се јавуваат и прашуваат како се чувствува тој пацинет. Доколку има температура или некои други симптоми, матичниот лекар тоа го внесува во „Мој термин“, со што автоматски се продолжува боледувањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес во Бугарија

Земјотрес е регистриран во четвртокот во 8…

Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети,…

Русија во нападите врз Украина во април…

Петровска од Тетово: Предвидуваме рекордни 1,35 милијарди…

Носителката на кандидатската листа на СДСМ за…

Андоновска: Нудиме реални и остварливи проекти во…

- Денеска сме тука на главниот плоштад…

Макрон: Ако Киев побара, Франција би размислила…

Доколку руската армија ја пробие линијата на…